About us

МАКСИМАЛНО ЗА ВЕРНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ – идеја од која во 1998 година се создаде брендот Макс (MAX)
 
Дали сте знаеле дека MAX е целосно домашен, македонски бренд? Поттикнати од потрошувачите кои имаа доверба во нашата компанија, тимот на „АгроTехнA“ го креираше брендот MAX, кој се покажа како полн погодок.
Следејќи ги трендовите и потребите на современиот човек, денес под брендот МAX низ сите поснабдени продавници за бела техника и апарати за домаќинство, како и низ поголемите маркети во земјава (но и во Србија, Косово и Албанија), можат да се најдат повеќе од 300 различни производи, поделени во брендирани линии:
MAX clean – правосмукалки, рачни правосмукалки, циклонски правосмукалки и чистачи на пареа;
MAX home - пегли;
MAX cook – мини шпорети, тостери, решоа, електрични ѓезвиња за турско кафе, микробранови печки, електрични бокали, електрични скари, апарати за крофни, апарати за пица, апарати за палачинки и др.;
MAX juicy – соковници и цедалки;
MAX mix – блендери, миксери, шејкери за фрапе и мултипрактици (повеќенаменски апарати);
MAX beauty – фенови и ваги;
MAX heat – грејни тела;
MAX air – аспиратори;
MAX air con – клима-уреди, вентилатори, навлажнувачи на воздух;
MAХ bike – велосипеди за деца и возрасни;
МАХ e-bikes – електрични велосипеди.
Производите под брендот МАХ се произведуваат во реномирани фабрики каде што се прават производи за познати светски брендови. Тимот на дизајнери од „АгроTехнA“ целосно го осмислува дизајнот, додека тимот за развој и истражување се грижи за функционалноста на производите, изборот на материјали од кои се составува производот, а притоа најмногу внимава на нивниот квалитет.
Грижата за потрошувачите не застанува тука. За услугата да биде максимална, секако, многу е важна и двегодишната гаранција на апаратите на МАХ. Следејќи ги трендовите и потребите на современите купувачи, уште од следниот месец голем дел од производите ќе бидат со директна замена, а со тоа гарантниот рок на апаратот ќе се продолжи за уште една година.
Оваа година МАХ слави 20 години, 20 години посветен на создавање палета производи, која целосно одговара на потребите на едно модерно семејство и на еден современ дом. Семејство кое одлично го препознава современиот тип на производи со достапни цени, кои лесно можат да се поистоветуваат со производите на големите европски брендови.
Со други зборови, МАХ – 20 години посветен да Ви овозможи МАКСИМАЛНО ПОЛЕСЕН ЖИВОТ!