Блог

Како да го одберете вистинскиот велосипед

Брзиот ритам на живот го оптоварува нашиот дух и нашето тело. Се помалку време за оддишка и уживање во природата, но нештата може да се променат само со неколку вртежи на педалите кои ќе ве навратат на најубавата рекреација и уживање уште од детските денови.

Велосипедизмот е спорт за умот и телото, спој на природата и вистинското уживање со секој поминат километар. Секое ново вртење на педалите не води во нова авантура која е најдобрата анти-стрес терапија и одлична физичка активност во која може да ужива секој, па дури и најголемите мрзливци. Возењето на велосипед е одличен избор доколку немате доволно кондиција, не сте „спортски тип“, или едноставно сакате да уживате во возењето кое „еднаш сеучи“, а се помни и ужива во текот на целиот живот. Затоа седнете храбро на вашиот велосипед и подгответе се за авантура.

КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ВАС?

Понудата на велосипеди од година во година е се поголема, а самите велосипеди се сé повеќе прилагодени на потребите на корисниците. Колку понудата и карактеристиките на велосипедот се поголеми толку е поголема дилемата во одлуката како да го одберете најсодветниот велосипед за вашите потреби. За одлуката да биде полесна најпрво размислете каде би го возеле вашиот велисипед поточно, потребен ви е велосипед со кој ќе сакате да ја избегнете градската гужва и да пристигнеме до вашето работно место навреме или потребен ви е велосипед кој ќе ја разбуди желбата за планинска велосипедска авантура. Секако дилемата може да биде уште поголема кога ќе треба да се одлучите за совршениот модел на велосипед за вашето дете. Да почнеме од почеток...

           Планински велосипеди подготвени за одговорат на секоја авантура. Прилагодени за возење по неасфалтирани планински предели, висорамнини и нерамни терени, едноствано велосипед кој ќе ви го „покачи“ адреналинот.
           Градски велосипеди прилагодени за урбани површини. Практични и едноставни кои се прилагодуваат на брзината на вашите дневни потреби на градскиот асфалт. Совршено превозно средство кои му пркоси на собраќајниот метеж, а воедно е еко -пријател на вашата животна средина.
           Детски велосипед приказна за себе која се памети до крајот на животот. Прилагодени според возраста и најважно безбедноста на вашето најмило, гарантирајќи удобност и забава за најмладите. Децата сакаат да идат по стапките на родителите па затоа што поскоро и самите сакаат да се возат на велосипед.

Покрај конфигурацијата на теренот важни се уште неколку сегменти во одбирањето на вистинскиот модел на велосипед за вас и вашето семејство. Исто така многу важно е да одберете велосипед со правилна висина која може да се прилагодува според потребите или возраста. Женските велосипеди обично се пократки но пошироки во својот изглед и главната горна цевка на оквирот е пониска од стандардниот велосипед. Карактеристика што ги одвојува планинските велосипеди се големите и нестандардни тркала креирани за планинските предели. Добро познатите 26 инчни тркала се повеќе се заменуваат со 27,5 инчни. Велосипедите со 26 инчни тркала беа многу популарни, но најновите истражувања покажаа дека во поново време големината на тркалата се зголемува на се помодерните 27,5” и брзите 29”, затоа за вас колекцијата на MAX велосипеди 2020 ја опремивме со огромен избор на димензии, модели и детали. уживајте во возењето...
Најновата колекција на МАХ велосипеди за 2020 можете да ја видите на www.agrotehna.com.mk

 

Бесплатни велосипеди за вработените во АгроТехнА

 

Бесплатни велосипеди за вработените во АгроТехнА

 


            AгроТехнА како општествено одговорна компанија која се грижи за подобрување на животната околина и здравиот  живот,  учествува  во   разни  хуманитарни  акции  со  кои  помага  на  семејства полесно  да  ги пребродат своите тешки проблеми. И овој пат продолжува по својата зададена патека, да понуди идеи со добри намери за подобрување  и олеснување на животот.

            АгроТехнА многу пати покажала дека се грижи за своите вработени, а со оваа акција сака да покаже дека се грижи и за нивното здравје но и за нивните финансии.. Загадениот воздух кој на нас и на нашите најмили ни го отежнува животот, ни го прави ризичен и ни влијае лошо на здравјето, не натера да размислиме подлабоко за да ја создадеме оваа акција.. АгроТехнА на своите вработени им нуди бесплатно користење на велосипеди од својот бренд МАХ. Како и нивно бесплатно одржување во текот на целата година.

 

 

                                                         

 

               Акцијата е  замислена, се со  цел вработените да го заменат  секојдневниот моторизиран  превоз, и наместо своите моторни  возила, да  ги употребуваат  велосипедите кои ќе ги  добијат бесплатно на користење.  Исто така  ќе добијат  бесплатно  сервисирање  на  велосипедите,  како  и  бесплатни делови за истите, односно,  нема да  имаат  никакви  дополнителни  трошоци  додека ги  користат "МАХ" велосипедите и се додека се грижат со најдомаќински манири кон истите.




Најоригинална идеја – „МАХ“ мобилен сервис за велосипеди во викенди

Најоригинална идеја – „МАХ“ мобилен сервис за велосипеди во викенди

 

Возењето велосипед има безброј придобивки, варијации од здравствени, до економски, социјални, еколошки… Последниве години наназад и Скопје се обидува да се профилира во мапата на градови кои го поттикнуваат велосипедизмот, и може да се забележи дека иако сѐ уште е скромно, постои нагорна тенденција, а бројот на луѓе кои патуваат до и од работа на велосипеди полека се зголемува.

 

Во таа насока, основачите на брендот „МАХ“ дојдоа до оригинална идеја и направија подвижен вело сервис.

Ваков сервисен пункт беше поставен во саботата во Градскиот парк, на петтото издание на „Вози право, вози здраво“ – ревијална трка  со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на велосипедите.

Основачите на брендот „Макс“, компанијата „АгроТехна“, информираат дека сервисот ќе се движи по должина на велосипедската патека од ГТЦ до Парк.


 

Услугата ќе биде бесплатна и достапна за викендите од 10-19 часот. Сите велосипедисти кои ќе имаат проблем со велосипедот, можат да пратат инфо на Вибер 078 482-999 и екипата ќе дојде да помогне.

Услугите кои се даваат се: Пумпање или менување на гуми, штелување кочници, менување на гумички на кочници, менување на сајла на кочници или менувач на брзини, подесување волан, седиште, затегнување на осовини

Украдени Велосипеди

Минатата година групата вело ентузијасти На Точак, спроведе анкета за УКРАДЕНИ ВЕЛОСИПЕДИ. Анкетата вели дека, дури на половина од велосипедистите или на 47% им биле украдени велосипедите. 43% од велосипедистите не знаат дека на секој велосипед има сериски број, кој пак е клучен за да може кражбата да се пријави во МВР.
Иако бројот на пријавени кражби е голем дури 71% од сопствениците ја пријавиле кражбата на велосипед, за жал уште е поголем процентот на велосиепди кои не се пронајдени дури 94%.
           Нашата компанија АгроТехнА е една од водечките компании за увоз и продажба на велосипеди. Велосипедите од брeндот МАХ имаат сериски број, кој освен на велосипоедот е е запишан на и на самата гаранција.
Потикнати од анкетата, и оваа година АгроТехнА одлучи да им помогне на сите оние кои биле жртви на кражба на велосипед. Бидејќи голем дел односно 23% од жртвите, никогаш повеќе не набавиле нов велосипед и престанале да возат, АгроТехнА ја донесе следнава одлука:
На секој оној на кој ќе му биде украден велосипедот и истиот го пријави во МВР, со белешката која ја добие ќе добие -20% попуст при купување на нов велосипед од АгроТехнА.
Се надеваме дека на овој начин ќе успееме д а Ви ја намалиме болката